ХЕПЕНИНГ ЗА ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА ИМУНИЗАЦИЈА
На ден 21.04. 2013 година, недела, со едукативен и музички хепенинг во Градскиот парк, започна одбележувањето на Европската недела на имунизација, која ќе трае до 27.04.2013 година, под мотото „Спречи, заштити, вакцинирај! Заштити го светот, вакцинирај се!“ Организатори на настанот се Министерството за здравство и Секторот за превентивна здравствена заштита. Целта на настанот е да се подигне свеста кај населението за бенефитот од вакцинирањето.
На настанот земаа учество ученици од четири основни училишта од градот Скопје, и тоа од ОУ „Кочо Рацин“ , ОУ„ Круме Кепески“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и од нашето училиште ОУ„ Гоце Делчев“- Горно Лисиче.
Учениците од нашето училиште настапија со две точки, драматизација и ритмичка точка, преку кои ја нагласија потребата од конузумирањето здрава храна во секојдневниот живот.
Хепенингот го следеа голем број деца, родители и претставници од Министерството за здравство меѓу кои и Министерот Никола Тодоров.