Лична карта на училиштето
ОУ ”Гоце Делчев” од Горно Лисиче го опфаќа реонот на Горно Лисиче и дел од периферијата на ова населено место, кое припаѓа на општината “Аеродром” - Скопје. ОУ ”Гоце Делчев” од Горно Лисиче е едно од најстарите скопски училишта, кое датира од 1924 година. Со зголемување на бројот на ученици и потребата за просторно проширување, во 1961 и 1985 година училиштето било надоградувано и проширувано.
Училиштето се наоѓа на 6 км од центарот на градот, во недоволно развиена средина, што ја отежнува комуникацијата со некои позначајни јавни институции и објекти. Останува очекувањето локалната самоуправа да даде свој придонес за развојот на локалната средина и во подобрувањето на условите за реализацијата на воспитно-образовниот процес.
Во реонот во кој гравитира училиштето живеат во најголем процент Македонци, во помал процент Албанци, Турци, Роми и други, па како такво е пример за успешно мултикултурно училиште.
Наставата се изведува на македонски наставен и албански наставен јазик.
Настава на македонски наставен јазик
Во текот на учебната 2012/13 година во централното училиште настава ќе следат вкупно 424 ученици од прво до осмо одделение во 19 паралелки на македонски наставен јазик. Во одделенска настава има 237 ученици распоредени во 11 паралелки. Во предметна настава бројот на ученици изнесува 187 со по две паралелки во генерација, односно вкупно 8 паралелки.
Во подрачното училиште настава следат вкупно 214 ученици во 10 паралелки од прво до осмо одделение, и тоа: во одделенска настава
126 ученици во 6 паралелки и 88 во предметна настава во 4 паралелки.
Настава на албански наставен јазик
Наставата на албански наставен јазик се реализира само во централното училиште со 62 ученици, распоредени во 2 комбинирани паралелки : I – III со 32 ученици и IV – V со 30 ученици.
Вкупниот број на ученици што ќе следат настава во централното и подрачното училиште изнесува 700 ученици распоредени во 34 паралелки